Две плавуши полагале испит. Послем завршувањето на испитот, едната плавуша ја прашува другата:
- Еј како помина, напиша ли нешто?
- Не ништо не напишав.
- И јас ништо не напишав.
- Леле сега ако си помислат дека сме препишувале!
Си биле две плавуши и отишле во кафич. Едната плавуша нарачува:
- За мене еден хибискус.
А другата со зачудување ја прашува:
- А што е тоа хибискус?
- Епа тоa е чај.
- Епа ок тогаш, јас ќе земам еден хибискус од камилица!
Некоја плавуша се сомневала дека мажот ја мами со друга, па отишла во продавница за оружје и купила пиштол. Се враќа таа дома и го начекува мажот со прекрасна црвенокоса во кревет. Плавушата го вади пиштолот и си го става на главата. Мажот целиот избезумен изрипува и почнува да се извинува, да ја моли и преколнува да не се убива. Плавушата без да го тргне пиштолот од својата глава хистерично одговара:
- Замолчи!!! Tи си следниот!
Оделе две плавуши низ парк.
Едната нашла огледали и и рекла на другата:
- Еј еве моја слика...
А другата и го зема и и вели :
- Леле колку си грда.
Eдна плавуша влегува во пекара и прашува: Што имате од пецива? Само момент! Добро, дајте ми 2 моменти и 1 јогурт!
Русокоса се јавува на аеродром.
-Добар ден,колку трае летот до Париз?
-Само момент...
-Фала многу,пријатно.
Разговараат две плавуши, едната вика:
- Ајде со ракета да одиме на сонце.
- Па како да одиме многу ќе ни биде жешко, ќе изгориме.
- Helloo....ќе одиме ноќе.