ИЗВИЧНИК!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Добредојдовте на ИЗВИЧНИК!
 
HomeLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Дали читаш христијанска (богословска) литература!?

Go down 
3 posters
АвторПорака
skalica

skalica


Број на мислења : 11
Поени : 16
Репутација : 2
Join date : 2010-02-10
Местолокација : Охрид

Дали читаш христијанска (богословска) литература!? Empty
ПишувањеПредмет: Дали читаш христијанска (богословска) литература!?   Дали читаш христијанска (богословска) литература!? EmptyЧет Фед 18, 2010 9:19 am

Дали читаш христијанска (богословска) литература!?

Јас сум верник, член на Светата Православна Христова Црква. Но, бидејќи на Форумов, претпоставувам, има членови и гости кои се христијани а не се Православни, затоа така и го наименував насловот на новата тема. Инаку, би требало да гласи: „Дали читаш Православна или Црковна литература?“.

Денес е модерно да се каже дека сум верник, дека одам во храм за време на богослужбите, дека постам, дека се исповедам, дека се причестувам, дека разговарам со свештениците и со духовно посилни лица, особено монаси и т.н. Но, дали ќе биде доволно за мене ако се определам само за слушање на Божјиот збор преку устите од оние кои се определиле да Му служат на Бога?

Јас, како човек во тело, имам потреба од секојдневна храна, но, и како човек со душа имам потреба и од секојдневна соодветна храна за неа. На ваков или на таков начин, моите домашни ми обезбедуваат храна за телото, се разбира, според силата на домашниот буџет. Но, бидејќи не бев во можност постојано да бидам во комуникација со свештено лице и да Го слушам Божјото слово наменето за секое Божјо чедо, мојата душа честопати остануваше гладна. Но, тоа беше до скоро. Од неодамна, по совет на парохискиот свештеник, започнав да читам богословска литература, се разбира, сообразена според мојата моќ на разбирање. Не се дава двопек на доенче. Сега веќе, се осмелувам да речам, дека почнува да се наоѓам себе си. Така да се рече, - „пеам“ друга песна. Полека ги совладувам пречките, како од незнаењето, така и од оние што ми ги поставува сатаната. Желбата, за што подобро да ја научам својата вера, е посилна од советите на сатаната дека сум млада личност и дека треба да му се радувам на животот во удобства и задоволства од секаков вид и дека верата и верувањето треба да ги оставам за „постари“ години.

Нашиот парохиски храм има богата црковна литература. До сега веќе „нанижав“ неколку книги. Свештеникот ме подучува и ми советува да не ги читам книгите како лектира за на училиште туку како нешто што би требало да остане во мене, како нешто што би ми било насушно потребно за челичење на верата во мене но и за одбрана на истата од напади.

Ако има интерес, ако се развива дискусија за тоа што читаме и како го разбираме, ќе можам дел од тоа и да презентирам.

Поздрав.
Вратете се на почетокот Go down
D-UP

D-UP


Број на мислења : 177
Поени : 221
Репутација : 14
Join date : 2010-02-08
Age : 28
Местолокација : Штип

Дали читаш христијанска (богословска) литература!? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали читаш христијанска (богословска) литература!?   Дали читаш христијанска (богословска) литература!? EmptyПет Фед 19, 2010 7:21 am

Сакам и ги читам Житијата на Светите Отци, поретко ги читам Светите Старци.

А нај интересно е тоа кога ми се појавува некое прашање од верата одма ми се одговара во книгата од некој Старец, како да е наменета само за мене. Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
ViciouS

ViciouS


Број на мислења : 202
Поени : 242
Репутација : 8
Join date : 2010-02-09
Age : 29
Местолокација : Дома пред чергата

Дали читаш христијанска (богословска) литература!? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали читаш христијанска (богословска) литература!?   Дали читаш христијанска (богословска) литература!? EmptyПет Фед 19, 2010 10:48 am

Не не читам, од проста причина што не сакам.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.nevermind205.blogspot.com
skalica

skalica


Број на мислења : 11
Поени : 16
Репутација : 2
Join date : 2010-02-10
Местолокација : Охрид

Дали читаш христијанска (богословска) литература!? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали читаш христијанска (богословска) литература!?   Дали читаш христијанска (богословска) литература!? EmptyНед Мар 04, 2012 7:03 am

ПРВА НЕДЕЛА НА ВЕЛИКИОТ ПОСТ
(НЕДЕЛА НА ПРАВОСЛАВИЕТО)

Јн. 1:43−51
Во денешното прочитано свето Евангелие слушнавме како Христос ги повикал Своите први ученици. Прво по Христа тргнале апостолите Андреј и Јован. Другиот ден за негови следбеници се јавиле Филип и Натанаил. Овие први апостоли ја основале првата христијанска Црква. Тогаш тие сигурно не можеле да претпостават дека Црквата Христова по извесно време ќе се рашири и во такви земји за кои тие не слушнале и дека нивните сопствени имиња ќе бидат запишани во книги што ќе ги читаат сите народи. Тие први Христови следбеници не барале слава, ниту власт и богатство, туку ја барале само вистината што ќе ги ослободи и ќе ги спаси нивните души.
Барале и нашле. Тие се интересирале за личноста на св. Јован Крстител, ги слушале неговите проповеди, поверувале во неговите зборови дека очекуваниот Спасител на светот ќе дојде наскоро, Го побарале и Го пронашле и тргнале по Него. Тие со тоа им дале пример на сите кои после нив, во подоцнежните времиња, Го барале и Го нашле Христа. Просветителите на нашиот народ, нашите први учители Кирил и Методиј и нивните ученици го нашле и му го ветиле на народот најценетото што тој сега го има − нашата непроценлива православна вера.
Нашиот народ преживувал како ретко кој народ во светот, времиња на голем напредок и на длабоки падови. Некогаш имал цареви кои владееле и со соседните земји, а некогаш бил поробуван и бил забораван од светот. Имало и времиња кога се слевале богатства во нашата земја и од далечни држави, а понекогаш потпаѓал под тешко ропство и живеел многу мизерно. Нашиот народ доживеал златен век на цивилизација и наука и бил центар на култура и писменост за соседните и за далечните народи. Но имало и време кога требало да бара книги и учители од оние народи кои порано ги просветувал. Во текот на сите тие времиња на величина и на пад, секогаш останувала негова своина една работа − светата православна вера.
Дури и да не сме знаеле ништо од историјата и од животот на другите народи, само тој пример со нашата вера, која се зачувала во текот на вековите, ќе нè убеди дека православието е непобедливо. Уште пред да биде покрстен нашиот народ, христијанската православна вера требало да ги помине сите видови гонења и пречки што силите на злото ги испречувале пред неа. Прво, во во текот на првите три столетија Црквата требало да даде, не илјадници, туку милиони маченици кои ја осигурале победата над незнабожечкиот свет. Подоцна, за време на пет века православието требало да се бори против внатрешните непријатели, против еретици и секташи кои сакале да ја заменат чистотата на божественото учење со своите човечки измислици и досетки.
Таа тешка борба била завршена победоносно во IX век. Тогаш најсвечено била прославена победата на Православието над сите свои непријатели. Таа победа не била постигната со насилство туку само со жртви и затоа е толку скапа. За првпат била прославена во првата недела од Великиот пост и оттогаш наваму секоја година Православната црква ја слави таа победа на денешен ден, којшто е наречен Недела на Православието.
Вие знаете дека сите друштва и организации што ги поврзуваат луѓето со земните интереси си имаат свој патронен празник и свечено го прославуваат. Светата Православна црква што ги осветува луѓето и за земниот и за небесниот живот, исто така, си има свој празник. Тоа е денешниот ден. Од стари времиња останало обичај на денешен ден сите, кои себеси се нарекуваат православни христијани да доаѓаат во црквата за да ја посведочат својата преданост кон Православната вера. Тие тоа го прават со причестувањето со Телото и со Крвта Христови и на тој начин образуваат едно тело со Самиот Господ.
И денес Православната црква низ целиот свет има свои непријатели. И денес има гонења против православните христијани. Меѓутоа, на денешниот празник, и оние кои се подложени на најтешки гонења, цврсто веруваат дека Православната вера го победила светот и дека никакви гонења нема да ја уништат и да ја расколебаат. Исус Христос рекол: ...ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат (Мт. 16:18).
И во нашата земја има луѓе кои се оддалечуваат од својата Православна вера. Такви луѓе има два вида. Едните себеси се сметаат за многу образувани и мислат дека Православието и воопшто христијанската вера е само за простите и неучените. Тие на Православната вера гледаат скоро како на суеверие. Добро ќе биде на таквите луѓе да им го покажеме за пример Натанаил, кој, како што слушнавме од денешното прочитано свето Евангелие, прашал: Може ли од Назарет да произлезе нешто добро? Апостол Филип не почнал да му докажува со сложени расудувања за божественоста на Христа, туку само рекол: Дојди и види! Да поканиме такви луѓе да дојдат во Црквата, да ја изучат Православната вера, да го разберат православното богослужение. Ако тие искрено и без предрасуди се запознаат со Православната вера, јасно ќе разберат дека таа ја содржи целосната вистина и дека сè што е добро во светот се должи на христијанството.
Браќа и сестри, и нашиот живот треба да биде таков што, кога нè гледаат неверниците, да можат да ги видат благодатните плодови што му ги носи христијанството. Ако ние се нарекуваме православни христијани, а живееме полошо од незнабожците, безверниците ќе имаат повод да хулат и да ја одрекуваат, не само нашата вера, туку дури и Бога.
Има и друг вид на луѓе кај нас кои се оддалечиле од Православната вера и се придружиле кон разни секти. И нив треба да им кажеме со апостол Филип: Дојди и види! Дојдете и видете го богатството на Православната вера и не осудувајте ја пред да ја разберете и проучите. Секташите се фалат со тоа дека го знаат Св. Писмо и сакаат да спорат по разни религиозни прашања. Меѓутоа, тие не знаат една работа, а тоа е најважното. Тие не ја познаваат Православната црква и за неа расудуваат како што ги учат нивните учители − туѓинци, кои немаат поим од нашата вера и од нашата историја.
Кога Натанаил го послушал апостолот Филип и отишол да Го види Христа, Спасителот Кој сè знае, му кажал каде бил и дури и што мислел. Натанаил веднаш поверувал во Христа и тргнал по Него затоа што дошол и видел, се убедил дека Христос е вистинскиот Бог. Оние наши заблудени браќа кои ќе го послушаат гласот на Црквата и кои ќе се повратат кон неа, ќе видат дека Бог, преку Својата света Црква, правел многу чуда меѓу нашиот народ. Најглавното чудо што никој не може да го одрече е дека Црквата успеала да го воскресне целиот наш народ за време на неговото препородување.
Сите ние да покажеме поголем интерес кон нашата света Црква, да ја изучиме својата вера и редовно да ги посетуваме богослуженијата во светиот храм. А најглавно е во својот живот да покажеме дека нашата Православна Црква нè облагородила и нè направила посвети, та и нашите заблудени браќа да се вратат кон неа. Да го следиме апостол Филип, кој што не се задоволил само со тоа да го пронајде вистинскиот пат и Бога лично за себеси, туку ги повикал и своите пријатели да го следат.
Секако, треба да ја сакаме Светата Православна Црква. Таа нè благословува во деновите кога сме радосни. Таа нè поткрепува во деновите на жалост. Таа е Ноевиот ковчег, таа е коработ на нашето спасение. Таа ќе нè преведе преку разбрануваното животно море и ќе нè изведе на спасителниот брег − Царството небесно. Амин.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Дали читаш христијанска (богословска) литература!? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дали читаш христијанска (богословска) литература!?   Дали читаш христијанска (богословска) литература!? Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Дали читаш христијанска (богословска) литература!?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Дали сте хумани?
» Дали би простиле неверство?
» Дали верувате во Библијата?
» Дали фризурата ви е важен дел од имиџот
» дали го пратите модниот тренд во светот

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ИЗВИЧНИК! :: Живот :: Религија-
Отиди до: