Па кога ми е досадно најчесто сум пред компјутер или пред телевизор, а понекогаш читам некоја добра книга или излегувам со друштвото надвор.
Но, и кога не ми е досадно ова го правам. Едноставно компјутерот е моја голема љубов
И секако излегување со друштвото не е на одмет
Човек без пријатели...
А сега, а што правам пред компјутер?
Прво ќе почнам од забавната страна. Најчесто сум на форуми. Некои од моето друштво често ми викаат: "Абе што се замараш со форуми и со политика ела на фејсбук ма..."
Но не! Јас едноставно сакам да учествувам на форумите повеќе отколку на фејсбук.
Ми се допаѓа тоа што можам да си го искажам моето мислење и секако да прочитам други мислења, ставови...
Секако, постои и цензура но...
И од овде ми дојде идејата да направам сопствен форум. Да направам едно место на интернет каде што членовите ќе можат слободно да си го искажат своето мислење. Значи, веќе кажав но ќе кажам повторно-јас не велам дека на другите форуми членовите неможат да си го искажат мислењето, далику од тоа но ете...