Во Ванкувер до 28 февруари ќе се одржуваат 21-те Зимски олимписки игри на кои ќе учествуваат над 5.500 натпреварувачи од околу 80 земји во 15 спортови.
По Монтреал 1976 година (ЛОИ) и Калгари 1988 година (ЗОИ) ова е трета Олимпијада на која домаќин е Канада.
Најголеми фаворити за освојување на медали се натпреварувачите од Германија, САД и Австрија.
Македонија во Ванкувер ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи. Алпинецот Антонио Ристевски и нордијците Дарко Дамјановски и Росана Кироска се македонските учесници на 21-то издание на зимските олимпијади. Норма во Биатлон имаше исполнето и Ѓорѓи Ицовски, но тој отпадна, бидејќи според критериумите на меѓународната Биатлонска унија олимписките визи се делат врз основа на националното рангирање, а не индивидуално.
Според средствата одвоени за програмата се потрошени околу 40 милиони долари за организирање на отворањето, што значи второ најскапо свечено отворање после ЛОИ во Пекинг 2008 година.
Црна сенка на целиот спектакал фрли младиот Грузиец кој почина на тренингот пред отварањето излетувајки од пистата за санки!
Трагедија на Зимските Олимписки Игри - загина Nodar Kumaritashvili , 21 година